Ситно одбројуваме до Новата година. Сигурни сме дека викендов секако ќе ви биде исполнет со забавни средби, па токму затоа и денешниот стајлинг би сакале да ви биде инспирација за тоа како можете да се дотерате.

Нашиот предлог е плисирано здолниште во металик нијанса, кое го комбинираме со топ на преклоп и набори во пастелно златна нијанса.

На тоа додаваме високи чизми во црна боја, а од модните додатоци, изборот паѓа на плик колор-блок чанта во црна и златна нијанса.

За крај, додадете насмевка и добро расположение и имајте фантастичен викенд! 

Објавено:
29 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
685 пати