Сабота во плисирано здолниште + патики + волуменозен шал

23 ноември 2019

Добро утро! Викен е, а со самото тоа расположението е подобро. Температурите се сè уште повисоки за овој период од годината, а тоа значи дека можеме да продолжиме да ги носиме нашите омилени есенски комбинации.

Една од тие вклучува и патики. Нашиот денешен предлог е металик плисирано здолниште, во комбинација со, како што веќе споменавме, патики и блуза во светла нијанса.

Стајлингот е заокружен со волуменозен шал, а доколку сте зимурливи, на комбинацијата додадете и јакна или можеби мантил.

За што и да се одлучите, ви посакуваме викендот да се чувствувате прекрасно и да го искористите на најдобар можен начин.

 

фото извор: Pinterest.com; 

Објавено:
23 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.436 пати