Внесете позитивна енергија во денешнава тмурна сабота, и одберете стајлинг во кој барем едно парче ќе го потенцирате во интензивна, весела боја.

Наш предлог е да направите црно-портокалова варијанта во која ќе изгледате шик и урбано.

Одберете црно здолниште во асиметричен крој и комбинирајте го со џемпер или плетена блуза во јака портокалова боја.

Со оглед на фактот дека времето се уште е непредвидливо, облечете чизмички до глужд, а стјлингот заокружете го со мини црна чанта за преку рамо.

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
409 пати