Оваа сончева сабота сме расположени за романтична, женствена комбинација.

Како наш предлог за денеска, одбравме флорален фустан на прерамки, во предниот дел на закопчување.

Романтичниот фустан во А крој, може да го надополните со популарните кломпи на ниска потпетица во жолта нијанса.

Уште еден ултра модерен моден додаток со кој ќе ја заокружите оваа комбинација, е плетената чанта со кратка рачка.

Предноста на овој аутфит е што може да го носите и во дневна и во вечерна варијанта, независно дали веќе сте на одмор покрај плажа или планирате викенд кафе со пријателите.

Објавено:
29 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
518 пати