Саботата речиси секогаш нè асоцира на дружење и забава. Доколку сакате на тој начин да го испланирате денот, а се размислувате што би можеле да облечете, ние имаме идеја.

Нашиот денешен предлог е тренди комбинезон со риги. Во горниот дел има отворен дел во форма на триаголник, што го прави уште поинтересен и секси.

Го комбинираме со металик сребрена јакна и чанта со натпис во истата нијанса. Комбинацијата ја заокружуваме со сребрени мат сандали. 

Ви посакуваме незаборавна сабота :)!

Објавено:
30 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
575 пати