Оваа прекрасна сабота се разбудивме со малку повисоки температури и големи шанси за сонце! Во таа чест, носиме прекрасно лелеаво фустанче во темно зелена боја и го комбинираме со дебело џемперче во кафена нијанса. Совршен пар на оваа комбинација се чизмите до глужд, па затоа денес носиме токму такви во малку потемна кафена боја на удобна потпетица. Комбинацијата надополнете ја со мини чантичка во боја како и фустанчето, а за секој случај, со себе понесете си го и стилското капутче или омиленото крзнено елече.

Уживајте во омилената сабота!

Фустан: Манго

Џемпер: Манго

Чанта: Манго

Чевли: Спрингфилд

Украси: Royal House

Објавено:
28 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.753 пати