Конечно денеска се разбудивме со вистинско лето во градот, па да прославиме со една ултра летна комбинација составена од две неверојатно шик парчиња.

Носиме широки лежерни панталони во црвено – бели вертикални пруги и ги комбинираме со блузичка со панделка и исти пруги како на панталоните.

За комбинацијата да биде уште полежерна, надополнете ја со едноставни, но шик влечки во крем нијанса и плетена торба како една од омилените сезонава.

Имајте прекрасен и исполнет ден!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
21 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
392 пати