Искористете го овој викенд да блеснете во полн сјај каде и да се појавите, одбирајќи ја вистинската и супер стилска комбинација за сабота. Носиме интересни фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со маичка со бели точки и секако, тексас јакна во слична боја како фармерките. Она што денеска ни е потребно за максимално да го искористиме денот се овие стилски патичиња на платформа со кои ќе уживаме во текот на целиот ден. Носиме и стилско ранче и очила за сонце кои конечно ќе ги искористиме поради прекрасното сонце во градот.

Уживајте во викендот! 

Објавено:
27 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
400 пати