Конечно дојде и прекрасниот викенд што сите со нетрпение го очекуваме, па денеска обидете се да договорите кафе или ручек со пријателите и семејството.

Носиме шик комбинација составена од топли парчиња во кои ќе се чувствуваме удобно во текот на целиот ден.

Карираните панталони се едни од најмодерните сезонава па така денеска ги комбинираме со стилска сива ролка, кожена црна јакна и рамни чевли кои се совршени за овој период од годината.

Комбинацијата надополнете ја со впечатлива црна чантичка, сребрени обетки и часовник по ваш избор.

Имајте супер викенд!

Објавено:
24 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.065 пати