Денешниов ден нè потсети дека сè уште е зима. Па затоа оваа сабота ви предлагаме топол, слоевит и дамски стајлинг.

Одбравме парчиња во кафени тонови и ги комбиниравме во една перфектна, женствена целина. Задолжителен е макси капутот во нијанса на карамела, а го комбинираме со сако со кариран дезен, ремен околу струк и црна ролка.

Плисираното здолниште ѝ дава дополнителен елегантен шмек на оваа комбинација.

 

Објавено:
23 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
768 пати