Конечно викенд и супер време за дружба и прошетка со пријателите и семејството. Искористете го денот максимално и одберете комбинација во која ќе можете да уживате што и да правите.

Носиме едноставни и лежерни панталони во сива нијанса и ги комбинираме со блузон во малку посветла боја.

Се чини дека денеска времето ќе биде малку потопло за разлика од другите денови, па слободно комбинацијата надополнете ја со тексас јакна во светла нијанса.

За денот да биде уште поубав, облечете едноставни и удобни патики во бела боја, а утрово заштитете се од студот со оваа шик капа во неутрална боја.

Имајте супер викенд!

Фото: Pinterest

Објавено:
27 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
648 пати