Конечно дојде и првиот ден од секогаш прекрасниот викенд, па потрудете се максимално да го искористите слободното време. Повикајте ги пријателките на дружба, поминете ден со семејството во природа, или едноставно посветете го денот на себе. Денеска носиме широки и удобни фармерки и ги комбинираме со најслаткиот розов блузон што сме го виделе во последно време. За вистински удобен ден, денеска комбинацијата надополнете ја со модерни бели патичиња, понесете со себе очила за сонце и секако, минималистичко розово ранче како главен моден додаток денеска.

Уживајте во викендот и во убавините што ви ги нуди!

Објавено:
1 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
562 пати