Конечно викенд! Доколку овој ден решивте да го искористите за она што долго време го одложувавте, тогаш блеснете во полн сјај каде и да одите. За кафето, ручекот или прошетката со пријателките денеска носиме топол и модерен плетен фустан во темно црвена боја и го комбинираме со топло капутче во малку потемна нијанса. На овој фустан совршено му одговараат овие чизми на висока потпетица и оваа елегантна чанта во прекрасна нијанса. Стоплете се со овие шик кожени ракавици, а кога сме кај модните додатоци не заборавајте ги и очилата за сонце кои денеска дефинитивно ви се потребни.

Уживајте во сончевата сабота! 

Објавено:
10 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
695 пати