Конечно викенд! Доколку денеска решивте да прошетате по снегот или да се дружите со пријателките на ручек, тогаш ние ја имаме вистинската комбинација за вас. Топлото плетено џемперче во вид на фустан кое е совршено за викенд го комбинираме со оваа стилска и воедно топла јакна во темно сина боја со кафено крзно. Чизмите и денеска се високи до колената и од супер материјал за да се справите со снегот, а во боја иста како фустанчето. Стоплете се дополнително со оваа тренди капа со крзно и уживајте во денот!

 

Објавено:
21 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
392 пати