Конечно викенд и време да ги завршите сите обврски и да го закажете кафето со пријателките на кое толку долго чекавте.

Денеска се разбудивме со прекрасно сонце и супер температури, па така можеме да одбереме полежерни и потенки парчиња.

Носиме темно зелени панталони и ги комбинираме со памучна блузичка на пруги. Одозгора, доколку излегувате рано, комбинацијата надополнете ја со кожена кафена јакничка и секако, едноставни бели удобни патики.

Имајте супер викенд!

Фото: Пинтерест

Објавено:
30 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
497 пати