Претстојниот викенд можете да го искористите да појдете некаде на планина и да подишете чист воздух и да уживате во снегот, бидејќи зимската сезона веќе е започната.

Без разлика дали ќе се одлучите на нешто такво или пак викендот ќе го резервирате за некоја друга прошетка, нашиот денешен предлог е една топла зимска комбинација.

Црните тесни фармерки ги комбинираме со бел долг џемпер со ролка. На тоа додаваме јакна со крзно, како и црни чизми со лакирани делови.

Од модните додатоци бираме беж капа со крзнено топче, бели ракавици и црна чанта со беж детаљ.

Што и да правите, ви посакуваме убав и релаксиран викенд!

Објавено:
23 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
776 пати