Денешниот наш предлог е една топла црно-бела комбинација. Со оглед на тоа дека е викенд, а тоа ни е асоцијација за лежерност и опуштеност, токму во тој стил е и денешниот стајлинг.

Комбинацијата е составена од црн џинс со висок струк, може да биде по малку искинат, а и не мора, тоа оставаме на вас, а е во комбинација со топол широк бел џемпер.

Белиот џемпер е секогаш актуелно зимско парче, кое ќе го направи вашиот стајлинг впечатлив. Долга црна јакна со крзно повторно во бела боја, сосема ќе се вклопи во комбинацијата, која пак е заокружена со црни чизмички до глужд.

Кога се модните додатоци во прашање, на фотографијата има чанта во кафена нијанса, но може да биде и некоја друга боја, доколку сакате да внесете динамичност. Очилата со „мачкеста“ рамка се се' уште хит, па можете да го дополните изгледот токму со нив.

Имајте убав викенд!

Објавено:
15 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
577 пати