Доколку веќе испланиравте како ќе ја поминете саботната вечер и со кого, посебно имајќи предвид дека вечерва е и Бела ноќ, па имате можност да бирате, ние ви помагаме околу тоа како можете да се дотерате.

Со оглед на тоа дека животинскиот принт е непобедлив тренд оваа есен, нашиот предлог е здолниште во А-форма со змиски принт во комбинација со црна блуза со малку ѕвонести ракави.

На комбинацијата додаваме беж кожена јакна и црни чевли на потпетица, а изгледот го заокружуваме со чанта во истиот принт, неутрален кармин и црни округли обетки.

Имајте забавна сабота!

Објавено:
6 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
523 пати