Крајот на работната недела е резервиран за опуштање и забава. Имајќи го тоа на ум, нашата денешна комбинација е предлог за тоа како може да се дотерате за вечерва доколку излегувате со пријателите, одите на концерт, или имате закажан состанок.

Ние се одлучивме за романтично здолниште плисирано и од тул, во пастелно виолетова боја. Збогатено е со принт на роза од страната, како и со црна панделка која се врзува околу половината.

Го комбинираме со црна транспарентна кошулка со тантела. Одоздола можете да си облечете некоја едноставна маичка на прерамки и така да се решите од непријатноста што подразбира премногу откривање.

На крајот, комбинацијата ја комплетираме со капут во слични нијанси, црни високи чизми и црна чанта со украсни камења во различни бои.

Имајте супер забавен петок!

Објавено:
2 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
726 пати