Со оглед на тоа дека за повеќето петок е последниот работен ден во неделата, се одлучивме да ви предложиме една комбинација со која ќе бидете подготвени за секаква дружба и забава после работниот ден.

Широк плетен фустан е едно од задолжителните парчиња оваа сезона. Овој со риги и во крем основа го искомбиниравме со високи, но рамни црни чизми и црн капут. 

Со оглед на тоа дека времето е студено, црни хеланки или соодветни хулахопки се добредојдени во комбинацијата.

Од модните додатоци одбравме црна капа со кремасто крзно и мала чанта со животински принт. Изгледот комплетирајте го со кармин во некоја темна и впечатлива трендовска нијанса.

Имајте забавен петок!

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.645 пати