За денеска ви предлагаме една лежерна и удобна комбинација. Зелени панталони, на преклоп во горниот дел, ги комбинираме со широка маичка со цветен принт, која ќе ја разигра комбинацијата. Од обувките се одлучивме тоа да бидат рамни сандали во црвена боја, а доколку сте љубителка на пин-ап стилот, внесуваме и доза од него со марамата како моден додаток за глава.

Комбинацијата за завршуваме со бела мала чанта. Летно, весело и удобно.

Ви посакуваме убав, продолжен викенд!

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати