Иако надвор денеска сонцето ни го нема, сите вие што имате слободен викенд, тоа не треба да ве спречи да го поминете на најдобар можен начин.

Ние оваа сабота ја боиме во сини нијанси. Предлог-комбинацијата за денес се состои од здолниште од твид токму во сини нијанси, што го комбинираме со топла црна асиметрична ролка.

На тоа додаваме широк капут во пастелно сина нијанса и велур чизми до глужд. Чантата е исто така од твид со црни елементи.

Ви недостасува само идеја и добро расположение за да биде овој викенд совршен!

Објавено:
11 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
505 пати