И оваа работна недела ја стартуваме снежно. Па секако нашиот аутфит мора да го прилагодиме на временските услови.

Затоа за денеска ви предлагаме една слатка, снежна комбинација.

Плетена блуза е секогаш соодветен избор за вакви временски услови, а одлично се комбинира со омилениот џинс.

Одберете топол капут со должина до или под колената, а аутфитот заокружете го со чизми и плетена капа со интересен дезен.

 

Објавено:
16 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати