Првиот работен ден во 2018 го боиме во сончеви бои, за новата година да биде токму таква. Нашата денешна предлог-комбинација е составена од окер панталони кои ги комбинираме со бел џемпер со везени цветни апликации.

На тоа додаваме беж чизми до глужд и капут во слична нијанса со панталоните. Чантата е зелена со цветови и дава посебен печат на комбинацијата.

На сетоа ова додадете го доброто расположение кое посакуваме да ве следи целата година.

Имајте убав ден!

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
888 пати