Уште еден екстремно топол ден пред нас, па затоа и денешнава комбинација одлучивме да ја обоиме во бојата на сонцето.

Изборот за денеска се жолти килоти панталони со бела тантела во долниот дел. Ги комбинираме со исто така бел топ од имитација на тантела со карнер во предниот дел.

Кога се модните додатоци во прашање, се одлучивме за сандали на плута, во комбинација со плик чанта со принт и очила за сонце и со тоа направивме весела и лесна комбинација, во која веруваме ќе се пронајдат многумина.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
332 пати