Денеска нè разбуди убавото сонце, па токму затоа одлучивме и нашиот предлог да биде таков - сончев. Викенд е, време да се релаксирате и да си дозволите нешто што не успевате во текот на работната недела.

Нашата денешна комбинација е составена од џинс, жолта кончена блуза на копчиња. На тоа додаваме тексасна јакна, а со модните додатоци - балетанки со жолто-сина комбинација со панделки и жолто-бела чанта, ја заокружуваме комбинацијата.

Имајте прекрасен ден и викенд!

Објавено:
31 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
579 пати