Добро утро. Конечно викенд, веројатно ќе кажат повеќето од вас, време кое веруваме ќе се потрудите да го искористите на најдобар можен начин.

Со оглед на тоа дека за викенд најчесто сакаме да сме комотни и да ни е убаво, ние за денеска имаме токму таков предлог. 

Се одлучивме за бела маичка, која ја комбинираме со сребрено фустанче на прерамки. На тоа додаваме патики во ист тон со фустанчето, како и металик сребрено ранче.

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток и доброто расположение.

Имајте убав ден!

Објавено:
2 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
304 пати