Со оглед дека сме малку носталгични по убаво време, во денешната комбинација се одлучивме да вклучиме бели фармерки.

Ги комбинираме со топло кафено џемперче и чизми од велур до глужд. 

На тоа додадете капут во беж нијанса на пример.

Комбинацијата заокружете ја со очила за сонце, како на фотографијата, а може да додадете и шапка или дискретен накит. Креативноста ви ја оставаме вам!

Имајте убав ден.

Објавено:
6 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
494 пати