Средата ја боиме во светли и весели бои во една полежерна комбинација. Нашиот денешен предлог се сиви фармерки кои ги комбинираме со бела блуза со крзнена јака во вино нијанса. 

На тоа додаваме жолто кратко капутче на риги, кое ќе внесе дополнителна свежина во вашиот изглед. Кога се модните додатоци во прашање, наш избор се црно-сиви чизми до глужд и чанта со тока во слична вино нијанса како и јаката на блузата.

Со вас понесето го и доброто расположение и имајте најубав ден!

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
447 пати