Најсреќниот ден од неделата поминете го во стилска комбинација составена од неколку must have парчиња. Денеска ги носиме омилените црни панталони и ги комбинираме со стилско црвено џемперче и шик чевлички со реси во предниот дел. Комбинацијата украсете ја со оваа неверојатно тренди кожена јакна и чанта што совршено ќе се вклопи во стајлингот. Од накит денеска носиме часовник и елегантни алки што одлично се надополнуваат меѓу себе.

Не дозволувајте времето да ви го расипе расположението оваа среда!

Објавено:
16 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
809 пати