На средина од неделата, времето сè уште не е доволно топло за да наликува на вистинска пролет, но тоа не нè спречува денеска да носиме кусо здолниште.

Одбравме здолниште од темен тексас и истото го комбинираме со едноставна бела кошулка со впечатливи копчиња во предниот дел.

Комбинацијата надополнете ја со црни чизмички до глужд бидејќи се очекува дожд во текот на денот. Чантата, очилата за сонце и обетките се единствените модни додатоци што денеска ни се потребни.

Имајте убав ден!

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
450 пати