Среда е, но поради продолжениот викенд и вчерашниот неработен ден, веројатно повеќето од вас го имаат впечатокот дека денеска е понеделник. 

Без разлика на тоа какво е субјективното чувство, факт е дека убавото време ќе продолжи, па инспирирани од тоа, за денеска ви презентираме една лесна и летна комбинација.

Нашиот денешен предлог е црно лелеаво фустанче. Во делот на рамениците има и мали карнери, што го прават уште поразиграно.

Го комбинираме со кафени сандали и чанта во слична нијанса. На крајот додајте шапка и неколку капки од омилениот парфем и уживајте во денот.

Имајте среќна среда!

 

фото извор: pinterest.com/lulus

Објавено:
29 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
416 пати