За денеска ви подготвивме предлог-комбинација која има деловен, но лежерен тон. Идеална е за оние што немаат строг и официјален дрес-код, а сепак сакаат да бидат професионални.

Одбравме црвени панталони со прави ногавици, блуза со риги во бои, што придонесуваат за свежина на комбинацијата.

На тоа додаваме сив широк капут и сребрени чевли, варијација на популарните „оскфордки“. Доколку повеќе преферирате високи потпетици, можете да ги замените со чизми до глужд или чевли.

Чантата е црвена, а со оглед на тоа дека имаме денес и по некој сончев зрак, на сето ова можете да додадете и очила за сонце и шал.

Ви посакуваме да имате среќна среда! 

Објавено:
24 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
533 пати