Средата ја боиме во црвено-портокалови нијанси. Нашиот денешен предлог се лесен кошула-фустан на риги. 

Во пределот на половината се врзува со ремен, додека пак ракавите се малку ѕвонести и набрани, што го прави уште поинтересен. Должината е под колена, што го прави идеален и за работно место, ако немате строго пропишан дрес-код.

Го комбинираме со влечки во слична црвено-портокалова нијанса, а на сето тоа додаваме бела мала чанта и очила за сонце.

Карминот е во слична нијанса со фустанот. Кога на тоа ќе го додадете доброто расположение, подготвени сте за денешните предизвици.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
366 пати