За среда се вели дека е среќен ден, па ние ви посакуваме навистина да биде така. А за убавото расположение можете да придонесете и со изгледот, затоа оваа среда бидете и среќни и дотерани.

Убавото време е само уште една причина повеќе да се чувствувате одлично. Нашиот денешен предлог се панталони до глужд  во цветен принт, кои ги комбинираме со црвена маичка и бел, летен елек.

На комбинацијата ѝ додаваме бели елегантни балетанки, како и интересна мала чанта во форма на круг.

Секако, очилата за сонце се задолжителни, а ако сте љубител на накит и не ви предизвикува нервоза на жешкото време, можете да додадете и алка и обетки или некој дискретен ѓердан.

Имајте среќна среда!

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
380 пати