Добро утро. На средина на работната недела сме и стандардно го започнуваме денот со предлог-комбинација. 

Оваа среда одлучивме да ве инспирираме со комбинација која вклучува џинс. Во случајов, фармерките се искомбинирани со кратко дворедно палто.

Впечатливо е поради тоа што има ретро естетика и секако кројот поради кој струкот е уште повеќе нагласен. Рамениците се волуменозни, тренд што беше типичен за осумдесетите години од минатиов век.

Чанта во слична нијанса со палтото и чевли со украсна тока  се модните додатоци кои го надополнуваат стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
773 пати