Конечно дојде и најсреќниот ден од работната недела и ден поблиску до викенд. Утрово се разбудивме со сонце и супер температури, па денеска без проблем можеме да носиме потенки парчиња.

Комбинацијата се состои од фармерки во темна нијанса со скинати детали и бела кошула со цветни мотиви.

Одозгора, комбинацијата надополнете ја со ова стилско палто во крем нијанса кое е како создадено за овој период.

Бели патики или некои чевли на висока потпетица би биле одличен избор за овој стајлинг.

Објавено:
17 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
825 пати