Оваа среда нашиот предлог е една порелаксирана комбинација. Се одлучивме за џинс со украсни апликации. Ако не сте љубител на таков тип фармерки, можете да облечете класични. 

Ги комбинираме со црвена кошула, која е со покласичен крој, но е комотна и од страните подолга. На крајот додаваме модни додатоци, црвени салонки и тегет чанта за преку рамо.

Комбинацијата заокружете ја со очила за сонце и кармин. 

Нека и оваа среда ви биде среќна!

Објавено:
9 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
468 пати