Најсреќниот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од парчиња во најубавите есенски бои. Денеска носиме топло џемперче – фустан во нежна кафена боја и го комбинираме со прекрасно кафено мантилче кое е неверојатно стилско. Она што ќе остави најголем впечаток во целата комбинација се овие неодоливи чизми на потпетица и чантата во неколку бои.

Бидете стилска девојка каде и да се појавите денеска!

Објавено:
26 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.519 пати