Со оглед на тоа дека времето е прекрасно, а дека полека се враќаме во форма кога е работата во прашање, денеска ви презентираме една елегантна, но и деловна комбинација, која сигурни сме ќе ве инспирира.

Одбравме фустан со долги ракави, интересен поради карнерот во долниот дел и дискретниот принт. Го комбинираме со бордо капут со везени детали.

Кога се модните додатоци во прашање, нашиот избор е голема, елегантна бордо чанта, како и црни чевли со широка потпетица, идеална кога се работи за активен работен ден на висока потпетица.

Ви посакуваме убав и успешен ден!

Објавено:
3 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.121 пати