Среда во фармерки со висок струк и сина свилена кошула

25 септември 2019

За разлика од претходните денови, денеска се разбудивме со малку повисоки температури и супер повод за нашата омилена свилена кошула.

Истата е во неодолива сина нијанса со впечатливи црвени цветови по површината, а истата ја комбинираме со едноставни светли фармерки со висок струк.

Комбинацијата ја надополнивме со црн ремен на фармерките и фантастични лакирани чизми кои се полн погодок за ова време од годината.

Уживајте во сончевата среда!

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
769 пати