Добро утро. Иако календарски пролетта ќе ни пристигне за уште некој ден, сонцето надвор веќе ја донесе. Инспирирани од тоа, нашиот денешен предлог е лелеав и како создаден за претстојниот период.

Стајлингот е составен од фустан со принт со должина под колена. Искомбиниран е со долга тексасна јакна која веќе неколку сезони е апсолутен хит.

Голема чанта и обувки по желба (овде се со потпетица, но совршено може да изгледа и со патики или други рамни обувки) ќе направат стајлингот да биде заокружена модна приказна.

Нека овој стајлинг ви биде инспирација за деновите кога ќе се стабилизира ситуацијата или доколку имате итна потреба да завршите нешто.

Дотогаш, придржувајте се на препораките на Министерството за здравство, седете дома и читајте нè.

Ви посакуваме убав ден и добро здравје!

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.306 пати