Нашата денешна предлог-комбинација е женствена и безвременска. Фустанот на преклоп е едно од парчињата што секогаш ќе го пронајдат своето место на модната сцена.

Токму еден таков, плетен, во колор-блок комбинација, со црн ремен во панделка на средината, кој го комбинираме со црн мантил, односно наметка.

Од модните додатоци, наш избор се црни салонки, како и колор блок чанта со бордо и црни нијанси.

На крајот додаваме очила за сонце и впечатлив кармин.

Нека и оваа среда биде среќна!

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
380 пати