Нашиот денешен предлог е женствен фустан на риги. Вклучува комбинација на три бои - зелена, тегет и бела. Во горниот дел има откриени раменици, додека долниот дел е широко здолниште. Ригите се косо поставени, па го прават фустанот уште поинтересен.

На средината има тенок ремен што ја истакнува половината. Го комбинираме со тегет чевли и чанта во слична нијанса.

На крајот додаваме неутрален сјај за усни и дискретно руменило. 

Имајте убав ден!

Објавено:
2 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
432 пати