Оваа среда ја започнуваме со женствена и романтична комбинација. Нашиот денешен предлог е фустанче до долги ракави, во беж и портокалови нијанси. 

Во предниот дел е збогатен со карнери. Крагната е руска и продолжува во ленти, кои можат да се врзат во панделка. 

Должината на фустанчето е до колена, а го комбинираме со салонки во портокалова нијанса, а во сличен тон се и чантата и карминот.

На ова додадете само очила за сонце и подготвени сте!

Имајте убава среда.

Објавено:
16 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
810 пати