Убавото време ни се враќа, па затоа денска панталоните ги заменуваме со фустан. Во нашата комбинација е без ракави, изработен од твид, а во долниот дел има парче од кожа.

Го комбинираме со мантил со ракави, бидејќи утрата се мошне свежи и слоевитото облекување е идеално за ваков преоден период.

Кога се модните додатоци во прашање, чантата е голема со везени цветни апликации во исти тонови со фустанот. Чевлите се на ниска потпетица, а стајлингот го заокружуваме со очила за сонце и кармин.

И оваа среда нека биде среќна!

Објавено:
6 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
445 пати