Среда во кафена комбинација
•
14 ноември 2018
Добро утро! Оваа среда ја боиме во кафени нијанси. Нашиот денешен предлог е здолниште од твид во кафено-црна комбинација.
Го комбинираме со широк џемпер со ролка во портокалово-кафена нијанса, а во слична нијанса е и кожната јакна со крзно.
Комбинацијата ја завршуваме со чизмички до глужд, чанта со апликација на мачка и кармин во беж нијанса.
Имајте убав ден!