Нашиот денешен предлог е во кафени тонови. Кожата како ткаенина уште минатата сезона се наметна како актуелен тренд, а оваа уште повеќе доминира.

Затоа и ние се одлучивме во нашата комбинација да вклучиме кожено здолниште во светлокафена нијанса. Го комбинираме со палто во кариран дезен и кожени елементи во истата нијанса со здолништето.

На тоа ги додаваме и чизмите во склад со претходно споменатите парчиња и црно-кафена чанта.

Со оглед на тоа дека прогнозата вели дека денеска ќе врне, ве потсетуваме да земете чадор и секако не излегувајте без кармин.

Имајте убава среда!

Објавено:
17 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.026 пати