Оваа прекрасна среда ја дочекавме со сонце во градот, па да прославиме со шик комбинација што секогаш е добредојдена во вакви денови.

Знаеме дека омилените бели панталони се можеби најсоодветни за топлиот период, но денеска ги комбинираме со зимско окафено џемперче и истите изгледаат одлично.

Комбинацијата надополнете ја со овие кафени чизмички што изгледаат совршено со останатите парчиња од комбинацијата и секако, топло капутче за да се заштитите од студот.

Се чини дека во текот на целиот ден ќе имаме сонце, па денеска со вас понесете ги и омилените очила.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
12 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
842 пати