Денешниот наш предлог е совршен за работното место, но и за дружбите потоа, доколку ги планирате. Комбинацијата е составена од тесни црни панталони со висок струк и бела кошула со бисерни копчиња.

Доколку сте љубител на модни додатоци, на кошулата можете да додадете панделка или брош и да ја украсите. 

На тоа додаваме кариран капут, кој е вистински хит сезонава.

Комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли на висока потпетица, мала чанта и обетки. 

Имајте убав ден!

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
538 пати